Забава / Играње игри

Како HDR го менува начинот на играње игри

Дали телевизорот се оштетува од доцнењето на екранот?

Млад човек игра игра на QLED-телевизор. Играчите може да имаат комплетно искуство при играњето со неговиот голем екран и 4K-квалитет на сликата со HDR.

Играш игра со пријателите, но оддеднаш забележуваш дека екранот започнува да доцни. Исто така, повторно седиш блиску до екранот бидејќи не може да видиш ништо во мракот. При играњето игри, технологијата многу значи, па можеби е време за надградба. Samsung QLED-телевизорите ти даваат комплетно задлабочувачко искуство при играњето. Еве како хардверот и софтверот на твојот нареден телевизор за играње игри ќе ти го задржи вниманието.

Сцена од игра со пукање во прво лице. Војник се подготвува да пука во мета со автоматска пушка. QLED-телевизорот ти помага да се задлабочиш во играта со пукање. Таа изгледа реално и динамично.

Јасни и живописни слики за да не пропуштиш ни пријател ни непријател

Стопи се во графиката на твојата омилена игра со реални слики што те задлабочуваат во акцијата. Со QLED-телевизорите и технологијата HDR 1500, очекувајте палета на реални бои и контрасти, па ќе може да уживаш во остри и јасни детали, дури и во темните сенки. Но, не се работи само за неверојатната боја. Може да видиш повеќе од акцијата одеднаш на големиот екран во HDR со тенки рамки, додека ги ловиш виртуелните противници. Освен тоа, живописните и остри детали на твојот QLED-телевизор значат дека нема да пропуштите ништо и никого.

Симболи за акција на контролорот за пукање од контролорот за видеоигри на QLED-телевизор монтиран на ѕид

Телевизор којшто ја следи играта

Острата и лесна акција на HDR-екранот на QLED-телевизорите ти овозможува да го извлечеш максимумот од твоите играчки способности. Не пропуштај ги суптилните и затскриени движења благодарение на неверојатно малото влезно доцнење, чиешто време на одговор е во милисекунди. Потоа, кога ќе бидеш спремен да ги тестираш твоите рефлекси, ултрабрзата стапка на движење ти ја покажува рамномерноста на акцијата, без жртвување на деталите. Со прецизна временска рамка неопходна за победа, QLED-телевизорот ти овозможува непречен премин од вистинскиот свет во светот на твојата омилена игра.

One Connect Box може лесно да поврзе повеќе уреди. Без разлика колку уреди се поврзани со телевизорот, може едноставно да ги контролираш со Еден далечински управувач.

Практично поврзување

Не дозволувај сложеното поврзување да биде пречка за твојата акција. One Connect Box е уреден и едноставен начин за поврзување на твојата конзола со твојот паметен QLED-телевизор. QLED-телевизорите користат „Автоматско откривање“ за да препознаат поврзани конзоли, па може едноставно да ги поврзеш сите конзоли со One Connect Box и спремен си да започнеш. Откако ќе ги поврзеш конзолите, може лесно да контролираш повеќе уреди со Еден далечински управувач, којшто ти овозможува да започнеш со играње игри во HDR на која сакаш конзола со само еден допир на копче.

Доживеј ја играта онака како што е предвидено.

Сликички на пренесувани игри на паметен телевизор на Samsung

QLED со HDR обезбедува неверојатни детали и живописни бои, па затоа секоја игра ја гледаш со неверојатна јасност. А бидејќи новите игри, како што е Red Dead Redemption 2, нудат сензационални поставки и зачудувачка графика, играњето на QLED-телевизор може да го зголеми твоето уживање при играњето како никогаш досега. Освен тоа, функциите за играње игри на QLED-телевизорите се развиени во соработка со Xbox за да понудат непобедлива изведба при играњето и неспоредливо искуство.

Опкружени со сосема ново доживување
Преку соединување на резолуцијата 4K, технологијата HDR и малото влезно доцнење, QLED-телевизорот те задлабочува во остри детали и беспрекорно поврзување додека играш игри.

Опкружени со сосема ново доживување

Кога си спремен за авантура, време е да играш на QLED-телевизор. Преку соединување на највисоките резолуции (4K и сега 8K), HDR и QLED, екраните те задлабочуваат во длабок контраст, остри детали и беспрекорно поврзување. Може да грабнеш топка со брзина на светлината, да откриваш скриени светови и да победуваш лоши типови со твоите пријатели. За да имаш квалитетна опрема со којашто со играње игри ќе отидеш на следното ниво, користи телевизор опремен за борба.

Спремен за следното ниво?

Доживеј повисоко ниво на длабок контраст, остри детали и беспрекорно поврзување.

Samsung QLED TV

QLED TV

Прочитај ги овие приказни следно