Рекреирај го моментот
Кога се заљуби
За Денот на вљубените сними фотографии за својата љубовна приказна #соGalaxy.
Дали некогаш се навраќаш на моментот кога очите ви се сретнаа за првпат? Без разлика дали тој романтичен момент поттикна да си праќате емотикони-срценца или постепена врска која напредуваше со текот на времето, сакаме да видиме обнова на твојата вистинска љубовна приказна преку нови фотографии.
За да ја разгориме инспирацијата, поканивме два пара повторно да ги доживеат тие слатко-непријатни денови на додворување и напредок во врската со користење на Galaxy S21. Немаш подобра половина? Не грижи се. Размисли за времето кога ја запозна својата друга половина (најдобар пријател, крзнено пријателче или нешто друго!) и повторно создај ја својата вистинска љубовна приказна #соGalaxy.
Валис и Флечер
Снимено со Ноќен режим на Galaxy S21 Ultra 5G / Сликите се преземени од @walisl и @lordlawrence
Валис и Флечер се зближија преку заедничката љубов кон црните тесни фармерки, поткренатите челзи чизми и фотографијата. Додека нивната врска проследи подолга неконвенционална авантура како колеги кои станаа пријатели, а потоа и љубовници, ним постојано им беше пријатно и интересно да бидат еден крај друг. Оди зад сцената за да видиш како тие ги снимија нивните рани спомени заедно и погледни ги нивните совети за тоа како да направиш совршена фотографија.
Пронајди локација која е значајна за одреден период од вашата врска
„Кога почнавме да излегуваме, го поканив Флечер да ги помине празниците со мене и моето семејство во Аризона“, се сеќава Валис. „За време на патувањето, поминавме извесно време во домот на моите родители во Ногалес. Имаме интересна слика од Флечер пред нивниот дом. Тој држи лимони пред очите.“
Дозволи технологијата да ти помогне околу совршената фотографија
Дај им одмор на пријателите и остави твојот телефон (плус некој дополнителен реквизит или два) да работи понапорно за да го овековечи совршениот момент. Валис и Флечер користеа статив и гласовна контрола како помош при нивното фотографирање.
Снимај од уникатна гледна точка
Не плаши се да размислуваш креативно. Малку поразличната снимка од „стандардната“ фотографија на парови може да понуди нова естетика и да ги оживее твоите спомени. Валис и Флечер поиграа со различни агли за да доловат интересна перспектива.
Создај добра енергија при дополнителната обработка
„Ја користевме оригиналната фотографија и малку ја приспособивме осветленоста, експозицијата, контрастот, истакнатите моменти, заситеноста и нијансата“, велат Валис и Флечер. „Кај некои фотографии го користевме филтерот ‘warm’.“
-

Камил и Дарнел
Снимено со Single Take на Galaxy S21+ 5G / Сликите се преземени од @soycamille и @_darnellscott_
Не беше потребно многу време за Камил и Дарнел да се здружат во реалниот живот, откако споделија смеа преку своите меѓусебни профили за запознавање. Она што започна како рандеву со вафли за појадок се претвори во 16-часовна сесија на поврзување преку уметност, храна, танцување, маратонско гледање серии и смеа додека не ги здоболат образите. Погледни како тие ги документираа своите пријателски почетоци и откриј повеќе бонус совети за тоа како да ги снимиш сопствените фотографии за својата љубовна приказна.
Прави го она што го чувствуваш природно
Не грижи се дали ќе го совладаш совршеното осветлување, композиција или поза и сними излив на моментални реакции и доживувања. Ќе добиеш искрени, спонтани фотографии кои раскажуваат поавтентична и визуелно привлечна приказна. „Толку многу се смееме реагирајќи на меѓусебните карактери, така што не беше тешко да се фати моментот со видеозапис од 10 секунди“ велат Дарнел и Камил.
Внеси креативност во твоето опкружување
Дарнел и Камил не само што успеаја да ја посетат градината со скулптури низ која се шетаа на нивното прво рандеву — тие исто така најдоа начин да вметнат други заеднички интереси во фотографијата.
„Ние имаме заедничка страст за сладолед и сакаме разновидна уметност,“ вели Дарнел. „Си поигравме со перспективите и оддалеченоста со корнетот од сладолед и скулптурата.“
Импровизирај ако треба
Ако локацијата на твојот посебен момент е непристапна, снимај на место каде може да го изглумите самото доживување. Потоа измени ги поставките за камерата за да исценираш сличен амбиент: „Не можевме повторно да го создадеме тој забавен момент во самиот бар, но бидејќи обожаваме танцување, не беше тешко да се журкаме во нашиот двор! За оваа фотографија го користевме Ноќниот режим, што ни се допадна! Успеа да нѐ сними во движење и да ја изостри фотографијата по обработката.“
-
Прави го она што го чувствуваш природно
Не грижи се дали ќе го совладаш совршеното осветлување, композиција или поза и сними излив на моментални реакции и доживувања. Ќе добиеш искрени, спонтани фотографии кои раскажуваат поавтентична и визуелно привлечна приказна. „Толку многу се смееме реагирајќи на меѓусебните карактери, така што не беше тешко да се фати моментот со видеозапис од 10 секунди“ велат Дарнел и Камил.
-
Внеси креативност во твоето опкружување
Дарнел и Камил не само што успеаја да ја посетат градината со скулптури низ која се шетаа на нивното прво рандеву — тие исто така најдоа начин да вметнат други заеднички интереси во фотографијата.
„Ние имаме заедничка страст за сладолед и сакаме разновидна уметност,“ вели Дарнел. „Си поигравме со перспективите и оддалеченоста со корнетот од сладолед и скулптурата.“ -