Совети

Како да испланираш
совршен состанок

Дозволи твојот виртуелен личен помошник да ја заврши целата работа.

Зошто планирањето е потешко отколку што треба да биде? Од пронаоѓање термин во вашиот распоред [линк до: 5 едноставни совети за заштеда на време], па сѐ до одредување место за средбата, виртуелниот помошник Samsung Bixby може да се погрижи за сите здодевни детали. Погледни како може да го испланираш наредниот состанок со помош на виртуелниот личен помошник.

1

Договарање состаноци

Верувал или не, имаш слободно време. Само ти треба помош да го најдеш. Виртуелниот личен помошник може да ти помогне околу тоа. Благодарение на Bixby, може да ги видиш достапните термини за секој ден, како и да резервираш одреден термин со едноставна гласовна наредба.

2

Твојот водич за ресторани

Не може да се одлучиш во кој ресторан да одиш? Вообичаен проблем. Виртуелниот помошник е тука да ти препорача неколку ресторани во твојата област, вклучувајќи и такви што се совпаѓаат со твоите барања за резервација и нудат одредени термини со попуст за гостите.

Bixby Vision
Дозволи му на твојот телефон да биде уште покорисен и да ти овозможи разновидни услуги, од преведување до попаметно купување.
3

Користи го како личен советник за вино

Дома си и подготвуваш вечера? Искористи го виртуелниот помошник за да добиеш препораки за вино. Единствено што треба да направиш е да ја насочиш камерата од твојот Samsung Galaxy кон етикетата на виното, да ја притиснеш иконата Vision и да ги избереш опциите за вино. Bixby Vision прикажува информации за виното, како и храна што е соодветна со ова вино.

4

Остани во рамките на пристојноста, дури и кога доцниш

Дури и кога доцниш, помошникот е тука да му испрати порака со локацијата на твојот пријател или да ти повика Uber. Доволна е само една гласовна наредба, а ти ќе имаш доволно време да се фокусираш на поважни работи.

5

Потсетници за закажани состаноци

Искористи ги потсетниците за поедноставено следење на состаноците што се повторуваат. По секој состанок, со само една гласовна наредба може да го закажеш следниот.

На располагање во секое време

Погледни како може да искористиш уште повеќе функционалности на Samsung Bixby со S Pen на Galaxy Note 10.

Прочитај ги овие приказни следно