Продуктивност / Работа

Како успешно да работиш од дома

Трикови за одржување на продуктивноста што шефот воопшто нема да ги забележи.

Работата од далечина, дали од дома или од кафуле, може да биде навистина лесна.

Секој би сакал да биде дел од подвижната работна сила, но како успешно да го изведеш тоа? Без разлика дали сакаш да работиш од дома, од кафуле или на пат, еве неколку совети за тоа како да го направиш секое место твое работно место.

Секое место може да биде работно место за подвижната работна сила.
СОВЕТ

Организирај си го работното и слободното време и придржувај се до нив исто како што би се придржувал твојот шеф.

1

Подвижност и способност

Ако е потребно да влегуваш и излегуваш од различни работни простори цел ден, тогаш ќе ти треба уред што е доволно моќен да овозможи продуктивност иста како во канцеларија. Испробај ја алатката Samsung DeX, којашто ти овозможува доживување како на десктоп, но на телефонот.

СОВЕТ

Организирај си го работното и слободното време и придржувај се до нив исто како што би се придржувал твојот шеф.

Управувањето со времето е клучно за работата од дома.
2

Одржувај го циклусот

Кога работиш од далечина, доброто управување со времето е најважно. Пробај да го поделиш денот во циклуси на продуктивност: 15 минути работа, па 5 минути одмор. Повтори го тоа четири пати, па одмори се 20 минути. Додај апликација за запишување белешки, како што е Samsung Notes за успешно да го завршиш списокот со обврски.

Станицата DeX на Samsung ја олеснува работата од дома или од кое било друго место
3

Работење во облак

Можноста за пристап до сите твои податоци, апликации и проекти од секаде е клучна. Приклучната станица за десктоп, како што е DeX, може да ти помогне така што ќе го претвори твојот уред Samsung во телефон и компјутер истовремено, што значи дека нема да треба да се грижиш каде се наоѓа која верзија на датотека.

Поврзи се со тимот преку телефонски повик кога работиш од далечина
4

Соработувај со тимот

Направи дополнителен напор да му испратиш на шефот известување за напредокот до средината на денот и да се јавиш кај соработниците за да се увериш дека немаш пропуштено некои разговори поврзани со проектите. На овој начин, не само што ќе бидеш во тек со работата, туку и ќе имаш лична интеракција што можеби ја посакуваш кога работиш од далечина.

Направи го секое место твое работно место

Поврзи го твојот Galaxy S9/S9+ со монитор, тастатура и глувче за доживување како на десктоп овозможено од твојот телефон.

Станица Samsung Dex

Станица Samsung DeX

Galaxy S10

Galaxy S10

Прочитај ги овие приказни